Tuesday, January 7, 2020



Драги ученици, наставници и родители,
ова е работна верзија на еден блог за поддршка во учењето кој се подготвува веќе подолго време и сеуште е во работна верзија. Се решив да го пуштам во овој облик, незавршен поради ситуацијата во која се најдовме со корона вирусот.
Овде ќе најдете многу видео клипови со експерименти и демонстрации. Сите се реализирани во Лабораторијата за методика на школско експериментирање на Институтот за физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје од страна на екипата на Лабораторијата, од мене, проф. д-р Оливер Зајков и со техничка поддршка на лаборантот Јордан Бужаров. Дел од нив се снимени од наша страна и постирани се на Youtube.

Проектот Wikimedia

Друг дел од видеоклиповите се снимени во текот на 2015 и 2016 година во рамките на проектот ВикиЕксперименти, во чии рамки беа снимени 20 хемиски експерименти и 25 физички експерименти. Активностите со Wikimedia продолжуваат оваа 2020 година во соработка со Гете Институтот и Споделено знаење (македонскиот огранок на Фондацијата Wikimedia). Германија е родно место на многу познати научници, инженери и пронаоѓачи кои дале голем придонес во модерната наука преку своите пронајдоци и откритија. Затоа во овој проект се фокусираме на експерименти кои се поврзани со физички процеси, истражувања и откритија поврзани и истражувани од германски научници.
Целта на овие видеоклипови е да се приближат содржините од физика до учениците и студентите, да се укаже на практичниот и експерименталниот аспект на физиката и секако да им бидат од корисна помош и на наставниците и професорите во реализација на наставата и наставните програми од физика, особено во овој период на Covid пандемија. 

Овој блог

Овој блог има за цел да прерасне во поголем ресурсен центар, каде што нема да има само видео клипови, туку ќе има и предавања, предлози за активности, Power point презентации и се она што може да помогне во наставата по физика.

Експериментите се групирани по области во долните линкови.

0. Вовед