Јас правам разлика помеѓу права и еднонасочна струја, а така ги учам и моите студенти. Права струја е онаа која тече во една насока и чија јачина не се менува. Графикот на промената на јачината на оваа струја со текот на времето е права која е хоризонтална и е паралелна со временската оска. Таква струја се добива со галванските извори или "батериите" кои ги користиме кај мобилните телефони, на пример. Еднонасочна струја е струја која тече во една насока, но може да ја менува својата јачина со текот на времето. Тоа значи ако на извор на наизменична струја се вклучи извор на права струја при што напонот на правиот извор (кажано во сленг) е поголем од два пати од амплитудата на наизменичниот напон, тогаш ќе се добие струја која пулсира, но која тече во една насока. Таква струја се добива кај засилувачите, кои како наизменичен извор користат микрофон, на пример, но за да може да работи засилувачот, односно да добиеме засилен звук на звучникот, мора напонот на сигналот да се подигне, за да тече струјата во една насока, а сепак да имаме променлив сигнал.
Prava stuja e poveke sleng. Ednonasocna struja e tehnicki korekten izraz.
ReplyDeleteЈас правам разлика помеѓу права и еднонасочна струја, а така ги учам и моите студенти. Права струја е онаа која тече во една насока и чија јачина не се менува. Графикот на промената на јачината на оваа струја со текот на времето е права која е хоризонтална и е паралелна со временската оска. Таква струја се добива со галванските извори или "батериите" кои ги користиме кај мобилните телефони, на пример.
ReplyDeleteЕднонасочна струја е струја која тече во една насока, но може да ја менува својата јачина со текот на времето. Тоа значи ако на извор на наизменична струја се вклучи извор на права струја при што напонот на правиот извор (кажано во сленг) е поголем од два пати од амплитудата на наизменичниот напон, тогаш ќе се добие струја која пулсира, но која тече во една насока. Таква струја се добива кај засилувачите, кои како наизменичен извор користат микрофон, на пример, но за да може да работи засилувачот, односно да добиеме засилен звук на звучникот, мора напонот на сигналот да се подигне, за да тече струјата во една насока, а сепак да имаме променлив сигнал.